Советот за безбеднот на ОН одново повика на прекин на огнот во Сирија
Советот за безбедност на ОН вечерва повика на итен прекин на огнот на целата територија на Сирија и изрази загриженост поради хуманитарната состојба во земјата.
- Разговаравме за прекин на огнот. Советот за безбедност на ОН одново повика на почитување на Резолуцијата 2401, изјави холандскиот амбасадор при Светската организација, Карел ван Остером, по денешната седница на Советот за безбедност посветена на состојбата во Сирија.
Седницата, што беше свикана на барање на Велика Британија и Франција, се одржа зад затворени врати.
Советот за безбедност на ОН на 24 февруари едногласно ја усвои Резолуцијата 2401, се која се повикува на прогласување 30-дневен прекин на огнот во Сирија, со цел да му се пружи хуманитарна помош на населението.
Но, и покрај Резолуцијата, судирите во Сирија продолжија, пред се во реонот на Источна Гута, последното упориште на бунтовниците во близината на сирискиот главен град Дамаск.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права вечерва соопшти дека во рамки на офанзивата што ја започнаа на 18 февруари, сириските владини сили досега повратиле контрола над повеќе од половина од реонот на Источна Гута.
Центарот, чие седиште е во Лондон, информира дека сириските влади сили веќе презеле контрола врз источните и југоисточните делови на реонот на Источна Гута и се приближуваат кон поголемото населено место Дума и западните области на енклавата.
Според информациите на невладината организација, најмалку 45 цивили, вклучително и четири деца, загинале денеска во Источна Гута при воздушни напади, за кои се тврди дека ги извршиле руски авиони.
Центарот во неколку наврати ја обвини Русија за воздушни напади врз Источна Гута, што Москва категорчно го негира.
Претходно денеска, како што јави МИА, Центарот соопшти дека најмалку 700 борци на сириски провладини сили се упатиле како засилување кон Источна Гута, со што „обрачот околу бунтовничката енклава е затегнат уште повеќе“.
Од почетокот на офанзивата на сириските владини сили врз Источна Гута загинаа над 800 цивили.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата