Советот за безбедност на ОН го осуди лансирањето на ракета од Северна Кореја и се закани со санкции
Советот за безбедност на ОН решително го осуди истрелување на балистичка ракета од Северна Кореја и побара од Пјонгјанг да се воздржи од слични активности.
Во заедничката изјава, усвоена синоќа, членовите на Советот уште еднаш се заканија на севернокорејските власти „со значајни соодветни мерки" за заострување на веќе постоечките санкции, пренесе ТАСС.
Советот го смета истрелувањето за „грубо прекршување" на резолуциите со кои се забранува на Пјонгјанг каква било активност поврзана со развој на нуклеарно оружје и средства за нивно пренесување на долги растојанија.
СБ на ОН воедно ја „истакна потребата од работа за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров".
Северна Кореја гневно реагираше на расправата во Советот за безбедност на ОН и усвоената изјава.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи Џон Мин-док во денешното изнтервју изјави дека спроведените, по иницијатива на САД, дискусии во ОН се „страшна провокација" и дека Пјонгјанг развива нуклеарно оружје поради „суровото заплашување во нуклеарната сфера" од страна на Вашингтон.
Џон зборуваше малку пред Советот за безбедност на ОН да ја заврши расправата со изјава со решителна осуда на ракетните тестирања кои Пјонгјанг ги изведе во јули и август.
Јужнокорејските власти претходно соопштија дека балистичка ракета, истрелана од севернокорејска подморница во средата, била пресретната во дострелот од околу 500 км, најдолгото растојание кое оружје на Северот успеало да го помине досега.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман