Советот на Општина Крива Паланка усвои одлука за воведување зонско паркирање во градот
На денешната, четиринаесетта, седница на Советот на Општина Крива Паланка беше усвоена одлуката за воведување зонско паркирање во централното градско подрачје, а во наредните два месеци ќе слеи период на прилагодување и адаптација на граѓаните.
Според градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, одлуката следува по спроведената јавна анкета на која 53 отсто од граѓаните се изјасниле „за“ воведување зонско паркирање.
-Носиме храбри одлуки за решавање горливи проблеми на граѓаните. Со оваа одлука отпочнува решавањето на сообраќајниот метеж во Крива Паланка којшто е еден од клучните приоритети најавен и во мојата предизборна програма . Со зонско паркирање ќе стопанисува ЈП „Комуналец“, што подразбира приходите да остануваат во општината,а цената ќе биде утврдена дополнително, по изработка на основниот проект со финасиска анализа. Очекувам сумата да биде симболична и минимална, рече Митовски.
Планирано е да се понуди бесплатен алтернативен паркинг за сите што поради работни обврски во раните утрински часови ги оставаат возилата во центар.
-Задолжително ќе следи тест-период од два месеци за прилагодување адаптација за да се стекне навика кај граѓаните. Дотурот на роба во маркетите и дуќаните на главната улица ќе се врши од 6 до 9 часот наутро и попладне од 17 до 19 часот. За сите жители од станбените згради ќе има повластени услови за парикарње, а сите граѓани ќе можат да користат 10 минути запирање и паркирање без наплата за извршување на обврските, додаде Митовски.
Одлуката не ја поддржаа советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите