Советот на Град Скопје додели шест милиони денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира преку уплата на средствата на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
- Паричните средства од член 1 од оваа одлука се обезбедени во Буџетот на Град Скопје за 2023 година, од Програма за постојана резерва непредвидливи расходи. Според член 3, за реализација на оваа одлука се задолжува градоначалникот на Град Скопје. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавување во Службен гласник на Град Скопје, информираше Славески.
Советникот Страшо Ангеловски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во своето обраќање на седницата посочи дека гласајќи денеска да се одвојат по три милиони денари за двете земји, само ќе си ја „исперат сопствената совест“, притоа знаејќи дека средствата нема да стасаат до Сирија.
Тоа е, како што рече, поради тоа што во Сирија уште не се стигнати ниту средства, ниту пари, заради „санкциите и рестриктивните мерки на евроатланските партнери и нивните вредности, кон кои се стремиме“.
- Секако дека ќе го изгласаме, јас ќе бидам прв кој ќе гласа за ова, меѓутоа ајде да се заложиме ваквите вредности да не важат, барем во време кога народите страдаат, без разлика за кој народ станува збор. Луѓето се луѓе. Јас сум огорчен од тие вредности кон кои многумина сакаат да ме водат заедно да ги споделуваме. Искрено сочувство и желба за што поскоро справување со несреќата која ги задеси двата народи и да се надеваме дека пораките од нас ќе стасаат и таму, рече Ангеловски.
Советникот Амар Мециновиќ од Левица оцени дека е убаво што сега Советот покажува капацитет, затоа што на овие луѓе им е потребна помош.
- Народите од Источниот Медитеран нам ни се блиски, со нив делиме историја, со нив делиме дури и една географска целина. Би сакал во овие моменти кога гледаме дека човечкиот пркос е посилен од било што може да се втурне над човечката судбина, дека овие народи повторно ќе ги изградат нивните живеалишта и дека ќе продолжат да живеат мирно и достоинствено, рече Мециновиќ.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово