Советот на Европа ја критикува Романија поради трговија со деца
Во Романија значително е зголемен бројот на деца жртви на трговија со луѓе, се наведува денеска во најновиот извештај на Советот на Европа, со кој се бара посебно внимание да се посвети на ромското малцинство и децата мигранти во Романија.
- Бројот на идентификувани деца жртви на трговија со луѓе во Романија е значајно зголемен во периодот опфатен со извештајот, соопшти Групата експерти за акција против трговијата со луѓе при Советот на Европа.
Во извештајот, кој го опфаќа периодот меѓу 2011 и 2015 година, се бара од романските власти „да ги интензивираат напорите за спречување на трговијата со деца, посебно на полето на обука на професионалци задолжени за заштита на децата и посветување посебно внимание кон ромската заедница и децата мигранти“.
Повеќето од 4.622 деца се идентификувани како жртви на трговија со луѓе, поточно 54 отсто биле продадени поради сексуално искористување, потоа 34 проценти како работна сила и шест отсто за питачење, се наведува во документот.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени