Советниците на „Левица“ поднесоа барање за ревизија во Општина Карпош
Во согласност со Законот за ревизија („Службен весник на Република Македонија“ број 66/10, 145/10, 12/14, 43/14, 154/15, 192/15, 27/16 и 83/18) и ,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 122/21), советниците на Левица поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на ревизија во Општина Карпош.
– Бројните индиции за нерегуларноста во работењето на општината предводена од Стефан Богоев е главната причина за поднесување на ова барање. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија, изјави Мартин Димоски, советник во Општина Карпош.
Последната ревизија во Општина Карпош од страна на Државниот завод за ревизија е спроведена во 2017 година. Со ова барање, се иницира спроведување на три вида на ревизија: ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани