Сотирова: ДЗС нема ингеренции за земање примероци за присуство на коронавирус во супермаркетите
Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од супермаркетите. Единствената превенција е личната свесност и одговорност на граѓаните, а дел од одговорноста е на правните субјекти кои стопанисуваат со објектите, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.
Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, Сотирова апелираше да се почитуваат препораките од Владата.
– Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од овие места. Единствената превенција што ја повторуваме и ќе ја повторуваме е личната одговорност и свесност на граѓаните што значи почитување на препораките на Владата, дадени претходно како препораки од Комисијата за заразни болести. Дел од одговорноста од сферата на овие прашања носи и правниот субјект кој стопанисува со тие објекти, рече Сотирова, во одговорот на прашањето дали ДЗС зема примероци за присуство на коронавирусот од супермаркетите.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет