Состојбата во градинките е стабилна, тие остануваат отворени, вели Шахпаска

Состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки е стабилна и тие остануваат и натаму отворени, но ситуацијата се следи постојано и нови мерки би можеле да бидат донесени согласно развојот епидемиолошката состојба, порача денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Таа додаде дека секоја недела се прави пресек на позитивни вработени и деца згрижени во градинките.
– Денеска го правиме пресекот и согласно денешниот извештај имаме нови 55 вработени во градинките позитивни на коронавирусот за изминатите седум деца и дополнително 19 позитивни деца. Состојбата е под контрола и постојано ја следиме. За нас врвен приоритет преставува здравјето пред се на децата, но и на вработените. Доследното почитување на протоколите ја става ситуацијата под контрола, меѓутоа ќе ја следиме епидемиолошката состојба и заеднички ќе носиме одлуки во интерес на граѓаните, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посета на градинка во Ѓорче Петров.
Таа додаде дека мерките може да зависат и од состојбата на секоја градинка посебно, односно од бројот на позитивни случаи што би се јавил.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
