Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.530.919 лица. Од нив починале 175.370 , а оздравеле 669.433 луѓе.
– Властите во Сингапур одлучија да ги продолжат мерките за делумна изолација за уште четири недели, откако во овој град-држава во изминатите денови се регистрирани илјадници нови случаи на коронавирусот. Вкупниот број на заразени изнесува 9.125, што е повеќе од која било друга земја во југоисточна Азија.
– Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Турција се зголеми за 4.611, и сега се заразени вкупно 95.591 лица. Вкупниот број на починати е поголем за 119 и сега изнесува 2.259. Во Турција од коронавирусот закрепнале 14.918 лица.
– Ирската Влада планира да забрани масовни собири до август.
– Британските пратеници денеска се согласија за работа на Парламентот во хибриден формат, додека трае карантинот, воведен поради пандемијата на коронавирусот. Само дел од пратениците ќе учествуваат физички на парламентарните седници, а повеќе од сто од нив ќе учествуваат од далечина.
– Националниот координативен штаб на Црна Гора даде согласност да се олеснат одредени времени мерки против ширењето на коронавирусот и граѓаните ќе можат да излегуваат до 23 часот, а продавниците ќе работат подолго.
– Данска, која постепено го укинува ограничувањата воведени поради Ковид-19, нема да дозволи никакви собирања над 500 лица до 1 септември.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
