Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.356.014 лица. Од нив починале 236.975, а оздравеле 1.067.584 луѓе.
– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште ја смета пандемијата на новиот коронавирус за глобална здравствена вонредна состојба, што претставува највисоко ниво на закана во категоризацијата на оваа организација.
– Вонредната состојба воведена во Јапонија поради епидемијата на Ковид-19, која требаше да биде укината следната недела, ќе биде продолжена за речиси уште еден месец, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
– Во Италија во последните 24 часа починаа 269 лица од новиот коронавирус, а новозаразени се 1.965. Со тоа вкупниот број на заболени во земјата достигна 207.428, а на починати 28.236.
– Во Унгарија од следната недела ќе биде дозволено одржување на два спортски натпревара.
– Сите училишта и факултети во американската сојузна држава Њујорк ќе останат затворени, а до крајот на овој месец ќе биде донесена одлука за работата на летните училишта, изјави гувернерот Ендрју Комо.
– Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави можност за дополнително ублажување на мерките за карантин.
– Во Шведска во последното деноноќие се регистрирани 67 смртни случаи и 428 новозаразени лица.
– Авиокомпанијата „Рајанер“ најави програма за реструктуирање, со која во Европа ќе укине 3.000 работни места и ќе затвори свои седишта по проблемите во воздушниот сообраќај предизвикани поради пандемијата на новиот коронавирус.
– МекДоналдс на 13 мај ќе отвори 15 свои ресторани во велика Британија, кои ќе функционираат само преку достава.
– Чешка ги ублажува рестриктивните мерки. Се отвораат кината и фризерските салони.
– Сојузната држава Њујорк му платила 69 милиони долари за респиратори на човек кој нема никакво искуство во производство на вакви апарати. Тој својата услуга му ја понудил на американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер, а тимот на Белата куќа за борба против коронавирусот го препорачал за производител, објави Бизнис Инсајдер.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
