Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.043.762 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 55.304, а оздравеле 222.332 луѓе.
– Шпанија со 117.710 заразени со коронавирус ја надмина Италија, каде има 115.242 инфицирани лица, така што само САД се пред неа по бројот на позитивни на Ковид-19. Во изминатите 24 часа во шпанија починаа над 900 лица.
– Меѓу илегалните мигранти кои сега престојуваат во Босна и Херцеговина досега нема потврдени позитивни на коронавирус, соопшти денеска министерот за безбедност Фахрудин Радончиќ. Во самоизолација се 72 полицајци. Во Бих во сила е полициски час и целосна забрана за движење во текот на ноќта, а од 05 до 20 часот движењето се ограничува за младите до 18 години и постарите од 65 години.
– САД е првата држава во светот каде заразените се бројат во стотици илјадници. Бројот на инфицирани се зголеми на над 245 илјади. Починати се повеќе од 6000, од кои само во текот на вчерашниот ден починаа 1000 лица.
– Банките во Босна и Херцеговина ќе овозможат тримесечен мораториум на отплата на кредити за лицата кои поради кризата со коронавирусот останале без редовни месечни примања.
– Клаус Јоханис апелираше на романските државјани во странство да не доаѓаат во татковината за време на велигденските празници поради епидемијата на коронавирус.
– Европската комисија ги поздрави чекорите кои ги презедоа интернет платформите за да ја запрат промоцијата и продажба на лажни производи за борба против ковид-19. најголемите платформи како Амазон, Алиексперес, Ибеј, Гугл и Фејсбук активно работат на повлекување измамнички реклами и „чудотворни производи“, кои не се засноваат на научни докази.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
