Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 549.576 лице се заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 24.887, а оздравеле 128.701 лице.
– Горниот дом на германскиот Парламент ги одобри владините пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот. Бројот на заразени за еден ден во Германија се зголеми за 5.780 и сега изнесува 42.228 лица.
– Руската Влада соопшти дека коронавирусот е откриен и во Кремљ, но не е објавено кој е заразен.
– Научниците во лондонскиот Империал Колеџ проценуваат дека од коронавирусот би можеле да починат околу 1,8 милиони луѓе во светот.
– Во Шпанија во последните 24 часа починаа дури 769 луѓе и вкупната бројка изнесува 4.858 смртни случаи. Досега во земјата се заразени 64.059 лица.
– Во Иран бројот на заболени од коронавирус се зголеми на 32.332, а починале 2.378 луѓе, соопшти Министерството за здравство.
– Болниците во Париз за 48 часа ќе ги исполнат сите капацитети и повеќе нема да има место да се примат нови пациенти, кои во градот и околината моментно ги има околу 7.000.
– Италијанската полиција во градот Реџио Калабрија заплени 900 тестови за Ковид-19, кои немале одобрение за користење.
– Коронавирусот почна брзо да се шири на африканскиот континет. Дури 46 африкански земји пријавија случаи на заразени со Ковид-19. Вкупно има 3.243 заразени луѓе, а починале 83.
– Кинеската Влада од утре ќе забрани влез во земјата за сите странски државјани поради опасност од ширење на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
