Состојба со коронавирусот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 284. 008 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 11.838, а оздравеле 93.546 лица.
-Прв регистриран случај на заразен со коронавирус во Источен Тимор, соседна земја на Индонезија каде болеста има земено голем замав.
-Во Црна Гора во последните 12 часа нема новозаразени, остануваат досега регистрираните 14 случаи.
-Филипинските здравствени власти денеска потврдија за нови 77случаи, со што вкупната бројка на Ковид-19 во земјата се зголеми на 309, од кои досега има 19 смртни случаи и 13 излекувани
-Бангладеш информира за вториот смртен случај во земјата од коронавирусот, и четири нови инфицирани, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 24. Здарвствените власти соопштуваат дека 14.000 лица се ставени во карантин откако се вратиле од странство.
-Во Индонезија се потврдени вкупно 450 случаи на заразени откако во последните 24 часа се покажале позитини на тестирањата уште 81 лице. Во земјата досега починале 38 лица.
-Во Хрватска од ноќеска се регистрирани уште 40 нови случаи на заразени со што вкупната бријка на инфицирани во земјата сега изнесува 168.
-Во Бих од коронавирусот се заразени вкупно 90 лица, од кои во Република Српска се 29, во Федерацијата 31.
-Грузија од денеска прогласи вонредна состојба во земјата откако бројот на заразени од коронавирост се зголеми на 47.
-Во Иран во текот на последните 24 часа починале уште 123 лица. Негативниот рекод беше забележан пред два дена кога починаа 149 лица во еден ден.Од вчера до денеска во земјата се регистрирани нови 966 заразени, со што вкупната бројка на инфицирани сега изнесува 20.610.
-Пандемијата од коронавирусот однесе уште триесет животи во Белгија, а вкупниот број починати се зголеми на 67. Здравствените власти соопштија дека 558 нови лица се регистрирани како заразени, вкупниот од почетокот на пандемијата изнесува 2.815 заразени.
-Епидемијата на коронавирусот во Франција предизвика смрт на 450 пациенти (78 дополнителни за 24 часа) и хоспитализира уште 5.226 пациенти, од кои речиси 1.300 се наоѓат на интензивна нега
-Бројот на заболени во Шпанија скокна за околу 20 отсто, зголемувајќи се на 20.500 , а досега умреа над 1.000 лица.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
