Состанок на Заедничкиот експертски комитет за отворање граничен премин во областа на Преспанското Езеро
![]()
Прв состанок на Заедничкиот експертски комитет за воспоставување граничен премин во областа на Преспанското Езеро се одржа денеска во Скопје, кој го водеше државниот секретар во Министерството за надворешни работи и претседател на нашата делегација Зоран Попов. Грчката делегацијата ја предводеше Константинос Цувалас, генерален секретар за јавен ред во Министерството за заштита на граѓаните.
![]()
-За време на сотанокот беа разменети мислења за идните активности што треба да ги преземе Заедничкиот експертски комитет за отворање на граничниот премин. Двете страни го разработија и постигнаа во принцип согласност за текстот на Правилникот за работа и постапка на Заедничкиот експертски комитет што треба биде усвоен на неговиот втор состанок. Состанокот се одвиваше во позитивна и конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебно разбирање, соопшти МНР.
На средбата е договорено вториот состанок на Заедничкиот експертски комитет да се одржи во првата половина на март 2020 година во Република Грција.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
