Состанок на Столтенбегр со регионалните НАТО лидери - Нема воена закана за Западен Балкан, ама има ризици
Не постои директна безбедносна закана за западен Балкан, но постојат тензии меѓу Косово и Србија и во Босна и Херцеговина на кои треба да се внимава. НАТО е пристуно во регионот и ја гарантира безбедноста и соработката во регионот.
Ова е сликата што генералниот секретар на Алијансата Столтенберг ја даде по неформалниот состанок на лидерите на држави-членки на НАТО во Скопје. Се работи за прв состанок во овој формат што НАТО го иницира по повод последните настани на Косово, но и руското влијание во западен Балкан во контекст на војната во Украина.
Токму поради ова НАТО го зголемиле своето присуство во Косово со околу 1000 дополнителни трупи и потешко вооружување.
Ни премиерот Ковачевски не гледа ризик во безбедносната ситуација во земјата поради Косово или пак, предизборието дома. Вели дека благодарение на членството во НАТО навремено се добиваат сите информации за можните безбедносни ризици. Сепак, според Ковачевски, сликата нема да е комплетна без ЕУ членстовото.
Албанскиот премиер пак, даде предлог оваа неформална инцијатива да се претвори во редовен НАТО формат, во кој ќе учесствуваат сите држави членки од регионот, но и Србија и Косово како држави партнери на Алијансата.
Со овој регионален НАТО-состанок, на кој домаќини беа Ковачевски и Столтенберг, завршува 4 дневната турнеја на генералниот секретар во западен Балкан. Тој претходно беше во Сарево, Бечлград и Пришитина.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
