Балкан
17. November 2017 - 15:10

Соседката не ја виделе година и половина, па ја разбиле вратата: Затекнале неверојатна глетка, жената седела на...

Тело на 85годишна жена, која почина пред година и половина, пронајдено е во седечка положба во куќа во бугарскит град Пловдив.

Жената е откриена кога претседателот на куќниот совет, полиција и бравар ја отвориле вратата од нејзинaта куќа од кој почнало да истекува вода.

Нејзиното тело го пронашле во седечка положба на каучот во дневната соба, пренесуваат бугарските медиуми.

Соседите им раскажале на новинарите дека Николина Георгиева не ја виделе година и половина, додека некои навеле дека не ја познаваат старицата затоа што скоро со никого не разговарала.