Македонија
1. January 2021 - 16:41

Соседи од населбата Лисиче станаа соседи и во родилната сала на ГАК, машки се првите две новороденчиња

Цимерките од соба 128 на Гинекологија, но и сосетки од населбата Лисиче веднаш после полноќ ги родија своите синови. Една минута по 24 часот по природен пат прва беше породена Бојана Миланова на која ова и е второ дете. Неколку секунди подоцна, по пат на царски рез, своето првороденче го зеде во раце и 33-годишната Габриела Ѓошевска.

- Мајките се во добра состојба го добија најубавиот подарок годинава, и бебињата се добро. Прво бебе со алка о1 е бебето на второротката, изјави Викторија Јовановска, директор на Клиника за Гинекологија.

Бидејќи само неколку секунди ги делеле идните соседи да дојдат на свет, од град Скопје и на двете новороденчиња им дадоа штедна книшка и златници од труд и социјала. По двете машки, во 2 часот по полноќ беше родено и девојче кое исто така ќе добие подароци од локалната власт и министерство. Филипче посака со вакви вести да продолжи 2021.

- Убава вест е оваа и што повеќе вакви вести да имаме. Годинава што измина беше кризна, каква што светот не памети во изминатите 100 години. Секако благодарност и до граѓаните што имаа верба во инситуциите и трпеливост. Изминатата година беше и година на здравствените работници кои покажаа како се работи, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

2020 за Гинекологија помина со 3680 раѓања, но изминатата ноќ немале работа ниту приеми со ковид пациентки.

- Во ковид центарот немаше раѓања немавме ниту приеми, изјави Јовановска.

Убавата слика од малите дедомразовци и нови жители на Скопје, ја фрли во сенка тешката и пандемиска 2020, со надеж на сите дека годинава ќе продолжи со повеќе убави вести во здравствениот сектор.