Сорос: Тешко дека Меј ќе остане на премиерската функција, плановите на Трамп полни со несигурност
Американскиот милијардер и инвеститор Џорџ Сорос синоќа изјави дека британската премиерка Тереза Меј „нема да потрае“ на сегашната функција.
Тој за „Блумберг њуз“ на вечерата организирана во рамки на Светскиот економски форум во Давос истакна дека е тешко да се очекува оти Меј „ќе остане на власт“, имајќи ги предвид поделбите, кои се појавиле во нејзиниот кабинет.
Премиерката на Велика Британија во вторникот ги претстави плановите за преговори за излез на земјата од ЕУ, а Сорос оцени дека процесот на Брегзит ќе биде „горчлив развод“, кој ќе им наштети на двете страни.
Сорос исто така изјави дека е лично уверен оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да успее во спроведувањето на политиката, што ја најави.
Тој нагласи дека политичките планови на Трамп се полни со несигурност, што ќе се одрази негативно на финансиските пазари.
- Во моментов несигурноста е на највисоко ниво, а несигурноста во суштина е непријател на секоја долгорочна инвестиција, затоа сметам дека пазарите нема да се справат многу добри, рече Сорос.
Тој смета дека доколку му биде дозволено Трамп ќе го претвори владеењето на САД во диктатура.
- Тој е за друг вид владеење, кое е спротивно на отвореното општество, рече 86-годишниот милијардер.
- Таа форма на владеење поточно можеме да ја наречеме диктатура, а исто така и мафијашка држава, додаде тој.
На прашањето каква позиција треба да заземе бизнис заедицата во однос на Трамп, Сорос препорача “да стои што е можно подалеку од него“.
Сорос смета дека активностите на Трамп на идиректен начин ќе и донесат корист на Кина.
Ново на Сител
-
Верниците од Дебарско-кичевската епархија ја изразуваат својата волја: Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва
-
Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
-
По Божиќ ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност
-
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
-
Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди