Македонија
6. March 2022 - 12:37

55 годишен скопјанец почина откако со своето возило излетал од коловозот

На 05.03.2022 околу 15.30 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ патничко моторно возило „Пежо-206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.Г.(55) од Скопје, излетало од коловозот.

Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г.(28) од Скопје, на која и е укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција.