Соработниците на Гуаидо презедоа три објекти на Венецуела во САД
Соработници на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо ја презедоа контролата врз три дипломатски објекти во САД, изјави претставникот на Гуаидо, Карлос Векио.
Според него, опозицијата успеала да преземе контрола врз две згради кои му припаѓаат на венецуелското Министерство за одбрана во Вашингтон и врз една конзуларна зграда во Њујорк.
Во следните денови се очекува да се преземе контрола и врз венецуелската амбасада во Вашингтон, истакна Векио.
– Презедовме такви чекори за да го зачуваме имотот на Венецуела во САД, нагласи Векио од едно од трите дипломатски претставништва, во кои од ѕидот е отстранета сликата на Николас Мадуро и поставена на Гуаидо.
Минатата недела САД го повлекоа целиот дипломатски персонал од Венецуела.
Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела до одржување на нови избори. Тој е признат од САД и други западни земји, додека Кина и Русија го признаваат Мадуро, кој е реизбран за шеф на државата на изборите одржани во мај 2018 година. Опозицијата го обвинува Мадуро дека не победил на легитимен начин.
Ново на Сител
-
Кавадарци со 16,10 отсто излезност до 11 часот
-
Прегазена жена на регионалниот пат Струмица - Валандово
-
Излезноста до 11 часот за претседателски избори е 12,87% , за парламентарни 13,69
-
На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија
-
На набљудувач му ги дупнале гумите на автомобилот во Радуша
-
Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба и отпечаток од прст
-
Во Прилеп до 9 часот гласале 6,69 за претседателските, а 6,52 за парламентарните
-
Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти