Соработка на МИОА и Сојузот на здруженија „Македонска платформа против сиромаштија“

Истражување за вклученоста на граѓаните во креирањето на јавните политики и за соработката со административните службеници при остварување на своите права, ќе спроведе Сојузот на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија“ за потребите на Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА).
Соработката за истражувањето е дефинирана со Меморандумот што го потпишаа денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставници на Сојузот. Министерот за информатичко општество и администрација
МИОА соопшти дека истражувањето треба да даде јасна слика за просечниот период во кој граѓаните ги добиваат бараните документи, вклученоста на службениците во процесот на обработка на барањата, потребното време за спроведување на уписите или промените на личните податоци во матичните евиденции, пристапот и можностите кои ги нуди постоечкиот систем, инклузивноста на процедурите и соработката на службениците со граѓаните.
Истражувањето ќе се спроведува и во конкретни институции со надлежни службеници со цел да се утврди дали институциите сметаат дека располагаат со доволно технички капацитети и доволен број соодветно обучени човечки ресурси за да одговорат на барањата на граѓаните.
- Само со споредба на одговорите од двете страни, може да се добие вистинската слика и правецот во кој треба да се движи системското подобрување, за кое се залага Министерството за информатичко општество и администрација, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
