-->
-->
Потоп во Берово, најстудено утрово во Лазарополе, Маврово и Крушево
-->
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 12 Лазарополе, Маврово, Крушево, 13 Берово, 14 Пожаране, Ѓуриште, 16 Крива Паланка, Штип, Виница, Тополчани, 17 Охрид, Прилеп, 18 Битола, Тетово, Струмица, Претор, Куманово, Д. Капија, Скопје, 19 Гевгелија, 20 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот. 1 Виница, Штип, 3 Крушево, 4 Гевгелија, 8 Д. Капија, 12 Дојран, 15 Струмица, 24 Берово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Во текот на ноќта се задржа претежно облачно со умерен, а во Скопје повремено и засилен северен ветер (околу 45км/час). Во вечерните часови и во првата половина од ноќта на места беше и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови (од Мариово до Дојран и Струмица),а локална нестабилност имаше и во планинските подрачја во источните и југозападните делови. Утрово е облачно и претежно суво.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Oблачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м 2 ). ). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема . Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура од 17 до 23 степени.
СКОПЈЕ: Oблачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максимална температура до 21 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела