Соработка меѓу УКЛО - Битола и компанијата LTH-леарница-Охрид
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола продолжува со директна соработка со бизнис секторот во југозападниот дел од државата.
Од секторот за односи со јавност при ректоратот на УКЛО - Битола соопштуваат дека во насока на воспоставување нови и продлабочување на воспоставените релации за соработка со бизнис секторот, претставници од УКЛО предводени од проректорката за наука, Елизабета Бахтовска оствариле работна средба со менаџерскиот тим на компанијата LTH леарница од Охрид.
- На работниот состанок беа разгледани можностите за остварување соработка во повеќе области, како и активно вклучување на студентите од машинскиот отсек и отсекот за мехатроника при Техничкиот факултет - Битола за реализирање на практиканска работа и вработување на дипломци од овој Факултет. Првите конкретни активности од договорената соработка се планирани за средината на декември, потврдуваат од УКЛО-Битола.
Соработката со стопанските субјекти од регионот во последните години придонесе значително да се зголеми бројот на стипендии кои бизнис секторот ги доделува за студентите на УКЛО, да се збогати клиничката настава преку учество на познати стручњаци од практиката, но и да се реализира соодветна практиканска работа за студентите, нагласуваат од секторот за односи со јавност при Ректоратот на УКЛО - Битола.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња