Свет
25. December 2024 - 18:53

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица.

Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци затвор, јави Би-Би-Си.

Тројцата беа осудени за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице од свесно невнимание“.