Македонија
13. February 2020 - 10:27

Сопружници од Кратово пронајдени мртви во нивниот дом

Синоќа околу 20.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66).

Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.