Сопругот ангажирал адвокат: Полицијата од куќата на Марјановиќ изнела кутија во која држеле оружје

Три инспектори влегле во семејната куќа на Марјановиќи. Полицајците ги придружувал свекорот на брутално убиената пејачка Јелена, Владимир Марјановиќ.
Инспектори пред еден час повторно дошле во куќата на семејството Марјановиќ, во кој со сопругот и ќерката живееле Јелена коај во саботатат сурово е убиена во Борча.
Тројца инспектори влегле во куќата придружувани од Владимир Марјановиќ, а по дваесет минути излегле од куќата носејќи маскирна торба со лак и стерла како и кутија од синтисајзер во која Марјановиќи како што пренесуваат медиумите држеле оружје. Инспекторите наводно го проверувале и Фејсбук профилот на Јелена за да се утврди дали пејачката добивала закани.

Сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ го анагажирал адвокатот Драган Маричиќ. Во 20 часот истекува притворот на Зоран Марјановиќ по што ќе се нзае дали тој ќе биде пуштен на слободна или притворот ќе му биде продолжен на 30 дена.
Како што пренесуваат медиумите, Зоран во минатото бил репрезентативец во стрелаштво, бил трет во Србија, а учествувал и на Европско првенство.

Роднините изјавиле дека модринките и раните кои Зоран ги имал по рацете ги добил откако во неделата наутро удирал по автомобилот зошто бил во целосен шок од се што се случува.

Инаку судбината на Зоран Марјановиќ зависи од наодите на ДНК анализата на генетскиот материјал најден под нејзините нокти која ќе биде готова денес околу 17 часот.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
