Сопругата на Зоран Верушевски од денеска во куќен притвор

Апелацискиот суд ја уважи жалбата и ја укина мерката притвор на Соња Верушевска, сопруга на Зоран Верушевски. На Верушевска која е обинета за шпионажа Судот и одреди 30-дневен куќен притвор, соопшти Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
- Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна поладнево достави решение со кое жалбата на обвинетата Соња Верушевска изјавена преку нејзиниот адвокат, за укинување на мерката притовор се уважува. Со тоа решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од 29.06.2015 година се преиначува и гласи: Мерката притвор против обвинетата Соња Верушевска, определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжува со решенија на Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал и корупија поради основано соменение дека сторила крвично дело Шпионажа од чл. 316 ст.4 в.в со чл. 42 од КЗ, се укинува. Воедно на обвинетата, согласно одредбите од член 163 од ЗКП и се определува мерка Куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 24.07.2015 година, стои во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Со тоа, како што се наведува, на обвинетата и се забранува да го напушта домот, а надзорот за спроведување на мерката Куќен притвор и се доверува на МВР – СВР Скопје ПС Аеродром.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
