-->
-->
Сопругата на премиерот на Лесото обвинета за убиство на неговата прва жена
-->
Сопругата на премиерот на Лесото ќе биде обвинета за убиство на неговата прва жена, што се случи во 2017 година, јави Би-Би-Си.
Месаје Табане (42) се предаде на полицијата, која го сослуша и премиерот Томас Табане.
Неговата прва жена Липолело Табане е убиена пред својот дом во главниот град Масер два дена пред инаугурацијата во 2017 година.
Во тој период била во тек бракоразводна постапка.
За убиството првично беше обвинет непознат вооружен човек, но последните податоци на полицијата поттикнале сомнеж.
Полицијата на 10 јануари издаде налог за апсење на Месаје Табане, која претходно исчезна. Таа вчера е уапсена на границата со Јужна Африка по договор на полицијата и нејзините адвокати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица