Сопругата на Коби Брајант со емотивна порака: Зошто јас да се будам, а мојата Џиџи не!
Скршена од тага поради сопругот Коби и ќерката Џијана, Ванеса Брајант својата болка ја опишува на социјалните мрежи.
Со видео снимка од Киби и малата Џиџи и уште седум лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа, Ванеса напиша зборови кои го кршат срцето.
„Без волја ги препуштам своите чувства на зборовите. Мојот мозок не прифаќа дека Коби и Џиџи веќе ги нема. Не можам во исто време да сфатам дека ги нема двајцата.
Додека се обидувам да процесуирам дека го нема Коби, моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи никогаш нема да ми се врати. Се е погрешно. Зошто јас да се будам следното утро, а моето девојче да ја нема таа можност? Лута сум! Пред неа беше животот.
Потоа сфаќам дека морам да бидам силна за моите три ќерки. Лута сум што не сум со Коби и Џиџи, но благодарна сум што сум овде со Наталија,м Бјанка и Капри. Знам дека е тоа нормално. Тоа е дел од процесот на тагување.
Само сакав да споделам како некој се чувствува кога ќе доживее таква загуба. Боже, би сакала да се овде и оваа ноќна мора да биде готова. Се молам за жртвите на оваа трагедија. Ве молам продолжете да се молите за нив“, напиша Ванеса на Инстаграм
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи