„Сопот“ вратен на почеток, следното рочиште на 2 март
Судењето за случајот „Сопот“ поради смена на судечкиот совет денеска почна од почеток. Шестмина од 10 обвинети кои беа присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта. На четворица од обвинети ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни на органите на прогонот.
На следното рочиште, што е закажано за 2 март, исказ треба да дадат пет полициски службени лица.
Адвокатот Насер Рауфи во изјава за медиумите рече дека доколку дозволи Судот, како сведоци во овој судски процес можеби ќе бидат повикани и поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков и поранешната министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска.
Случајот „Сопот” е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.
Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули минатата година му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
Ново на Сител
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите