Македонија
5. July 2017 - 16:27

Сопот оди во СЈО

Катица Јанева го добива „Сопот“, но не и обвинителната  спогодба на Ѕвонко Костовски од „Пуч. Списите од овој предмет се враќаат во Кривичниот суд. Советот на јавните обвинители ја тргна од дневен ред оваа точка со обралозожение дека се уште е рано да се одлучува по него и бидејќи е поврзан со други предмети што ги води Специјалното обвинителство.

Јанева го бараше записникот од спогодбата во овој случај со која Костовски призна дека прислушувал по налог на Верушевски со цел да ја преиспита нејзината законитост. Таа во јануари го повлече обвинението за „Пуч“, според кое, за нелегално прислушување и за насилство врз највисоките државни органи обвинети беа функнцери или луѓе блиски на раковдството на СДСМ.

Во исто време го отвори случајот „Тврдина“ против функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанева, пак го добива случајот „Сопот“, иако се работи за завршен предмет. „Сопот“ завршува во рацете на Јанева по препорака на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

СЈО реши до го преотвори овој предмет и да се прогласи за надлежен со образложение дека постои јавно објавен прислушуван разговор во кој се зборува за овој предмет.