Сообраќајот во зимски услови, непрооден патот Македонски Брод - Здуње
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на „Македонија пат“. Слаб дожд врне низ цела Македонија, додека снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка, Стража, Маврово и Буково, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Се уште не е прооден патниот правец Македонски Брод - село Здуње, на кој гравитираат 11 села. Таму сообраќајот е во прекин за сите видови возила од седум часот изутрината.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9