Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.
Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од „Стентон градба ДОО“, пак, информираат дека од денеска ќе има измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно по мостот на река Раец кон Плетвар поради отпочнување со градежни активности. Се работи за проектот Рехабилитација на државен пат А1, делница Фариш-Прилеп, кој ќе се одвива во наредните 12 месеци.
Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.
Ново на Сител
-
Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање
-
Скопје -Женева и Скопје - Париз, две нови линии од скопскиот аеродром
-
Импровизирана кукла со ликот на Маск обесена на плоштад во Милано
-
Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца