Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, се вели во извештајот од 12 часот на АМСМ.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Според информација од ЈП Македонија Пат, на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица сеуште има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет