Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.
Владата донесе одлука да од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Согласно овие одлуки Владата донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.
На регионалниот патен правец, P1306 Прилеп – Крушево, на делот крак – с. Алдинци – с. Норово . од 29.06.2020 ќе има изменет режим на сообраќај поради изведување градежни работи на пат
(асфалтирање). На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае све до завршување на градежните работи.
На регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – с.Извор, на делот крак – с.Лазарополе, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање) од 24.06.2020 (среда), сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11.00 до 13.00 часот. Овој изменет режим ќе трае се до завршување на градежните работи.
ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ – Известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).
Жикол ДООЕЛ – Струмица известува дека согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски од 19.06.2020 г. ќе започне со градежни активности за поврзување на коловозот со нов мост на р. Пчиња на државниот пат Р2136, делница Ржаничино – Долно Коњари. Согласно основниот проект за времен режим се предвидува намалување на брзината и наизменично пропуштање на возилата во зоната на градилиштето (во населено место Долно Коњари) за време на градежните активности. Се работи од 07:00 до 17:00 часот, а потоа за во ноќни услови предвидено е ослободување на коловозната површина. Времениот режим ќе трае не подолго од три месеци сметано од 19.06.2020 г.
Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби