Македонија
28. January 2017 - 18:31

Сообраќајот на автопатот Скопје - Велес кај Ветерско по десната лента

На автопатот Скопје - Велес после паркингот Ветерско од 15:45 часот сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.

Причината за тоа, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е одронување на карпа. 

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози.