Сообраќајна незгода во подножје на Кожуф планина кај месноста Мушов гроб
Сообраќајна незгода се случила денеска во подножјето на Кожуф планина, кај месноста Мушов гроб. Информацијата ја потврдија за МИА од Итна медицинска помош Кавадарци и Сектор за внатрешни работи Велес.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев појасни дека во 10:20 часот, била пријавена сообраќајна незгода, помеѓу товарно и патничко моторно возило. Во близина на месноста Мушов гроб. Полициска екипа била упатена кон местото на сообраќајката и дополнително ќе бил извршен увид на лице место.
Ратко Грков, лекар при Брза помош Кавадарци, рече дека нивно возило било упатено кон Мушов гроб кај селото Конопиште. Таму, според нивните првични информации, имало верижна сообраќајка на неколку возила. Поради замрзнат терен, засега медицинските екипи не можеле да се спуштат директно до местото на сообраќајката и чекале патот да биде прилагоден за движење со моторни возила. Во меѓувреме, три лица коишто биле полесно повредени, пеш стигнале до медицинското возило и примиле првична помош. Двајца други повредени, не можеле да се движат пеш и тие ќе биле дополнително медицински згрижени, кога здравствените работници ќе стигнат до нив.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
