-->
-->
Сообраќајна незгода на патот Битола-Демир Хисар, возачите на автомобилите пренесени во болница
-->

На 07.04.2020 во 14.48 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, пред крстосницата за с.Лисолај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(43) од Битола и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(55) од с.Лесково, Демир Хисар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката од истото возило К.С.(36) од Демир Хисар, а возачот С.Ј. се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
