-->
-->
Сообраќајка во Косово - загина Македонец
-->
Македонски државјанин рано утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Приштина – Урошевац, откако со своето возило излетал од патот и удрил во бетонски столб, јави дописникот на МИА од Приштина.Веста за несреќата, во која загинал маж на 34-годишна возраст со иницијали А.Ј., во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Фљорие Ахмети.
Денеска околу 5 часот добивме информација за сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац, кај селото Лапнасело, во која учествувало едно патничко возило. Како последица на несреќата, загина едно лице, кое управувало со возилото. Смртта на А.Ј., 34-годишен маж, државјанин на Република Македонија, на местото на настанот ја утврди лекарска екипа, изјави Ахмети.
По налог на надлежен обвинител, телото на загинатиот е предадено во судска медицина за обдукција, а екипа на сообраќајната полиција изврши увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
