Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.
Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.
Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.
Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.
Ново на Сител
-
Таткото на Јана: На мониторот за ЕКГ имаше само линија, не знам дали ќе ја заборавам таа слика
-
Родителите на Јана: Се чувствуваме како со пепел да сме полни, ова да не се случи на никого
-
Мајката на Јана: Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата
-
Нови проблеми за Барселона овојпат од Англија
-
Песочна бура предизвика верижен судир во Србија | ВИДЕО
-
Комисијата даде негативно мислење за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид
-
Ристески: Селекторот Груби го пушта Ковачевски да игра само наместени натпревари
-
64-годишен струмичанец се обидел да силува 43-годишна жена