-->
-->
Сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, повредени две лица
-->
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Велес-Скопје по тунелот „Катланово“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа се случила синоќа, околу 19,00 часот на еден километар после тунелот “Катланово“ во која А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, кое излегло надвор од коловозот и се превртело.
Од незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е задржан во комплексот клиники “Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобила неговата сопруга М.Д.(37).
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива