Сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, повреден маж

Според информацијата од СВР Велес денеска околу 11 часот на автопатот Велес – Скопје кај месноста Пуста Кула се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ марка „Ивеко“ со кумановски регистарски броеви, управувано од Б.Т.(37) од Куманово и ТМВ марка „Сканиа“ со скопски регистарски броеви, управувано од Љ.Т. (54) од Скопје.
Како што информира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, во незгодата бил повреден возачот на ТМВ „Ивеко“, 37 годишниот Б.Т. од Куманово.
Тој со возило на Брза помош бил пренесен на преглед во велешката Општа Болница.
Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, пациентот бил прегледан од тим лекари во Хирушкото одделение.
– Го прегледа тимот хирурзи, а хирургот трауматолог Филип Тодоровски констатира дека повредениот нема тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош го прати на домашно лекување, информира Андова.
Ново на Сител
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
