Сообраќајка кај Катланово, повредени три лица

Сообраќајна несреќа се случи вчера во 10,15 часот на автопатот Велес-Скопје после тунелот Катланово во која едно лице се здбоило со телесни повреди, а две со тешки телесни повреди.
Во сообраќајната несреќа патничко моторно возило „Мерцедес Бенц“ со струмички регистарски таблизи, управувано од С.Ѓ. (46) од Село Просениково, Струмица удрил во заштитната ограда и излетал од коловозот. По излегување од страна на униформиран полициски службеник од БПС-Петровец за обезбедување на местото на настанот, друго патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистерски таблици управувано од С.А.(39) од село Порој, во кој бил и сопатникот Ф.И.(36) од Скопје, удрило во патничко моторно возило „Мерцедес Бенц“, а потоа и во службеното полициско возило во кое бил полициски службеник и излетало од коловозот. Со возило на итна медицинска помош полицискиот службеник е пренесен во ГОБ-Скопје каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување, додека С.А. и сопатникот од истото возило биле пренесени во КЦ-Скопје каде од страна на лекар им биле констатирани тешки телесни повреди и се задржани за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
