-->
-->
Сообраќајка кај Кадрифаково, повредени нема
-->
Сообраќајна незгода кај селото Кадрифаково на делот на автопатот од Штип кон Миладиновци го стопираше сообраќајот.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА информира дека станува збор за сообраќајна незгода меѓу два автомобила, при незгодата причинета е материјална штета, а до овој момент нема пријави за повредени лица, кои биле во автомобилите.
Несреќата се случила околу 18.30 часот. Сообраќајот на овој дел на автопатот во правец од Штип кон Миладонвци кај селото Кадрифаково од 19.15 часот е во прекин и во тек е увид од страна на истражните органи на местото на несреќата. Сообраќајот се одвива по стариот регионален пат. Додека делот од автопатот од Миладиновци кон Штип се одвива без прекин
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел