Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
„Решение за проблемите во здравството има и тоа ќе го објавиме наскоро. Првите два месеци ги поминавме во средби со раководствата на здравствените установи и сите чинители во здравствениот сектор и констатиравме ситуација на големи долгови и злоупотреби“, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски во интервју за Сител ТВ.
Според него, има злоупотреби на плати и надоместоци и тоа било констатирано со години наназад но,никој не реагирал досега.
„Директор користел патни трошоци од речиси 500.000 денари без документ, некои си зголемиле плати за 400.000 денари без основа, имаше измислени плати во некои институции. Ова има крај. Како пример, само за еден месец директорување на една болница надвор од Скопје со контрола на исплатите преку прекувремена работа имаме скратено трошоци за 30 илјади евра. Зборуваме за болница со многу помал капацитет од Скопје. Долговите не се секаде поради злоупотреби. Онкологија на пример, нема планирано соодветна терапија бидејќи со буџетот немало план за иновативни лекови и се задолжувале“, објасни директорот.
Клековски е дециден- терапија мора да има за сите.
„Целата програма на иновативни лекови на онкологија мора да ја има и ќе ја има. Една од најкрупните инвестиции ќе биде и на онкологија. После 10 години првпат се прави обнова на позитивната листа на лекови. Го отвораме Фондот за соработка со фармацевтските куќи кои треба да видат интерес во нашата нова политика и да понудат подобри услови“, вели Клековски за Сител.
Во однос на лекувањата во странство, тој потенцираше дека има околу 300 случаи годишно за лекување во странство, вклучувајќи ги приватните болници кај нас, а најчесто дестинацијата за лекување е Турција.
„За ова се одвојуваме околу 5.5 милини евра годишно. Обично граѓаните бараат да одат во странство бидејќи кај нас ја имаат загубено довербата во нашиот здравствен систем. Таа доверба мора да се врати. Многу често дел од тие лекувања се без медицински докази. Најчесто, станува збор за лекувања со матични клетки. Ние не можеме да предложиме лекување ако нема медицински докази дека терапијата помага. Упатувам апел секој да се обрати во Фондот за здравство, да помогнеме да ја добијат процедурата. Во Фондот сите што исполнуваат услови се спроведуваат“, додаде Клековски.
Фонд за здравствено осигурување
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците