Живот
7. December 2016 - 22:54

Сонувала за венчавка од бајките, а тоа ја одвело до смрт!

Уште како мала сонувала на својата венчавка да се појави со хеликоптер, а тој сон ја одвел во смрт!

Росемере до Насименто Силва (32) од Бразил е една од четворицата загинати во страшна несреќа која се случила на нејзината венчавка. Покрај неа, загинале и пилотот на хеликоптерот, нејзиниот брат и фотографката која била во шести месец од бременоста.

Таа изнајмила хеликоптер за до местото предвидено за венчавка стигне со што би си го исполнила својот сон, меѓутоа, леталото се срушило на неколку километри од местото каде бил поставен олтарот. Таму ја чекале 300 гости од кои само шесторица знаеле дека се спрема изненадување со хеликоптер, па ужасното дознавање на сите им донело поголем шок, а можеби најлошо од се е тоа што летот требало да трае околу 15 минути.

Истражувачите моментално работат на случајот и пробуваат да дојдат до одговорот што точно се случило со хеликоптерот.