Македонија
27. August 2019 - 11:35

СОНК не се откажува од предупредувачкиот штрајк

 

До први септември ако МОН не испорача резултати, протест ќе има во понеделник, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков за Сител.

Покачувањето од 5 проценти е недоволно за просветните работници, писмо со јасни барања испратиле до министерот.

Доколку учебната година не почне навреме вината ќе биде кај министерот. Од него зависи дали ќе има штрајк. Нашиот став останува ист, ако не повика на средба оваа недела и испорача конкретни резултати на нашите барања одлуката ќе биде променета. - порача Неделков од работен состанок на Синдикатот во Куманово.

 

 Мирјана Давидовска