„Сонети“ од Шекспир премиерно во театарот во Битола
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Сонети“ од Вилијам Шекспир во режија на Анегелчо Илиевски и Јован Ристовски.
Најновниот сценски проект ќе биде презентиран како две независни режисерски видувања вклопени во една театарска целина, која освен во понеделник ќе биде одиграна и на 23 април, на денот кога пред 400 години починал Шекспир.
Во првиот дел од сонетите на Шекспир ќе настапат актерите Јулијана Мирчевска, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска, Александар Копања, Огнен Дранговски и Габриела Петрушевска, додека во вториот дел, што го режира Ангелчо Илиевски, ќе настапат Филип Мирчевски, Огнен Дранговски, Габриела Петрушевска, Викторија Степановска, Иван Јерчиќ и Петар Мирчевски.
- Се радувам што во претставата настапувам со една млада актерска екипа. Младите се прекрасни, работевме врз многу тешка материја и мислам дека добро ја одработивме. Верувам дека ова ново сценско видување ќе наиде на голем интерес кај публиката, истакна актерот Петар Мирчевски во пресрет на вечерашната премиера на Битолскиот театар.
Сонетите на Шекспир од англиски на македонски јазик ги преведе Драги Михајловски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматург е Билјана Крајчевска, а костимографијата е на Благој Мицевски. Тој утрово отпатува за Крајова во Романија каде ќе учествува на 10. „Шекспир фестивал“ во чии рамки ќе се одржи меѓународна конференција на која на дневен ред ќе биде апликацијата на Битолскиот театар за зачленување и учество на „Шекспир фестивал“ во Крајова.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори