Сончево време, попладне дожд и силен ветер
Во првата половина од денот времето ќе биде сончево и топло со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.
Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина и од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува силен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.
Од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта