Сончево со умерена облачност, по котлините магла
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По котлините ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намали, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Како што информира УХМР, продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната од осум до 15 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Заврши состанокот на големите сили
-
Граѓаните ќе добијат поголема моќ - Референдумско отповикување на градоналачници ќе има со измените на законот за локална
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
-
Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија
-
ЗНАМ е против промена на грбот
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, утре на владина седница